И ова го има: Робот-шахист му скршил прст на седумгодишно дете
Робот програмиран да игра шах, за време на Отвореното првенство во Москва, му скршил прст на момче противник, јавуваат руски медиуми.
– Роботот-шахист му го скршил прстот на седумгодишното дете, потврди претседателот на Московската шаховска федерација Сергеј Лазарев минатата недела.
Лазарев истакна дека роботот одиграл многу натпревари без инциденти, а игра шах повеќе од 10 години. Немилиот настан, најверојатно, се случил затоа што момчето пребрзо направило потег по роботот.
Според некои од надлежните, се чини, момчето „требало да почека малку“, пред да го направи следниот потег. Потпретседателот на Руската шаховска федерација Сергеј Смагин изјави дека роботот е „апсолутно безбеден“ и дека немилиот настан бил случаен.
Момчето не доживеало поголема траума и по инцидентот со роботот, па можело да ги заврши сите фази на турнирот – во гипс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нафтата Брент достигна 116,72 долари за барел
Цената на суровата нафта Брент го заврши…
Франција пред денешните протести: И Мона Лиза…
Париз, но и во другите градови, за…
АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА: Иран ги засилил подготовките…
Американските разузнавачки служби предупредуваат дека Иран значително…
Трамп вели дека САД може да извршат…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…
Закана од штрајкови во „Фолксваген“: Работниците бараат…
Работниците во „Фолксваген“ се заканија со штрајкови…