Габриел Бајрам се криел за кражбата на струја во ГТЦ, го барале со потерница, па со полиција го носеле во станица

t

Габриел Бајрам, синот на починатиот пратеник Амди Бајрам, со полициска придружба бил донесен во станица на распит за кражбата на струја во ГТЦ и копањето на биткоини. Бајрам неколку пати бил повикуван во полициска станица, му биле испраќани покани, но не се појавувал пред службените лица. По ова по него бил распишан централен распис и на 30 јуни, годинава бил приведен и спроведен во полициска станица на службен разговор, пренесува МКД.мк

„Ве известуваме дека по насоки и во координација со Основното јавно обвинителство Скопје преземени се повеќе мерки и активности за расчистување на случајот. По неколку неодговарања на покани и непојавување на службен разговор во полициска станица, а по распишан централен распис, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Б.(40) од Скопје и со него бил извршен разговор во полициска станица”, одговорија од МВР за МКД.мк.

Во декември, лани Обвинителството и МВР изјавија дека никој не пријавил сомнеж за кражба на струја и дека за настанот во Градскиот трговски центар нема сомнеж за кривично дело. Тогаш Обвинителството ни одговори дека чека сопствениците на дуќаните во Градскиот трговски центар да пријават дека се оштетени во висината на сметките за струја, за да може обвинителите да постапуваат.

Обвинителството сега постапува по, како што велат известување за настан добиено од МВР.

Во полициска станица се повикани и извршени се службени раговори и со надлежните во ЕВН и Градскиот трговски центар Скопје, а се вршат службени разговори и со други лица.

Од МВР известуваат дека по комплетирање на целокупниот материјал ќе биде доставено известување до Основното јавно обвинителство Скопје за преземените мерки.

Извор: МКД.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени возачи кои возеле без дозвола, меѓу…

Во текот на изминатото деноноќие, на различни…

Москва ја прозва Холандија по нападот врз…

Руската амбасада во Хаг реагираше откако „Дестинус“…

Канал 13: Според Нетанјаху „нема начин да…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на затворени безбедносни…

„Билд“: Русија планирала напад во Полска, а…

Полската гранична полиција, разузнавачките служби и елитните…

Телма: По неколкучасовен мрак, УКИМ доби струја,…

Дел од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил…