Јакимовски: Нема потреба од референдум, не бараме ништо, ќе ја поддржиме владата на Мицкоски ако го поништи францускиот предлог!
Ниту референдум, ниту да мачиме народ ниту трошоци да има, се е во наши раце. На избори народот ако ни даде 61 пратеник, на прва седница се бира претседател на Собрание, на втората е укинување на францускиот предлог, вели во гостување на “Само вистина” лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
– Еве јавно ветуваме како ГРОМ не бараме ништо и ќе му ја поддржиме владата на Мицкоски, само да се укине овој предлог. За жал Мицкоски знае дека нема да има доволна излезеност и вината сака да ја префрли на народот.
Со таков резултат ќе биде испран и пред меѓународната заедница и за внесување на Бугарите во Уставот. Обидот на Мицкоски е да покрај јавниот предавник СДСМ, има уште еден таен предавник кој не го заслужуваат ниту членовите на ВМРО-ДПМНЕ, ниту Македонците, ниту па тие четири свети букви кои ги имаат во името пред ДПМНЕ, рече Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна
Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…
Град Скопје ќе додели средства за сите…
Советот на Град Скопје на денешната седница…
Јакимовски со барање до надлежните распустот да…
Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…