На секој бугарски политичар кој вели дека не постои македонски народ треба да му одговориме дека се Татари

t

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во гостување на “Само вистина” на Канал 5 телевизија истакна дека Бугарите не може да очекуваат да бидат скаани кога во билското минато направиле толку многу ѕверства на Македонците.

– Ако дедо ми бил интерниран 14 месеци во Шумен, јадел ќотек таму и што сакаат, да ги сакам? Имам комшија покоен којшто 65 бугарски стапови му удриле. Се чудеа како е човекот уште жив, еве јавно кажувам дека не ги сакам затоа што ги мачеле моите соселани, убивале. Ваташките младинци кој ги убиваше, замислете некој сега да дојде 14 годишно дете да стрела, со заби ќе ги растргнам, не да ги сакам.

Командантот кој го нареди стрелањето на ваташките деца Ѓорѓи Димитров го предаде на Македонија и тој е стрелан во Кавадарци, сега ние треба да се извиниме за тоа? – вели Јакимовски.

На секој нивен политичар кој ќе каже дека не постои македонски јазик ние треба да осговориме дека се Татари, малку се Татари, додава Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна

Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…

Јакимовски со барање до надлежните распустот да…

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…