Уставот треба да престане да се менува, избори ќе има во 2024 година, вели Јакимовски

t

Нашиот пат во ЕУ и НАТО е исполнет со понижување. Дадов предлог за вето на Финска и Шведска, рекоа сме немале билатерални проблеми. Па Франција и Холандија имаа билатерални проблеми со нас? – вели Стевчо Јакимовски во денешното гостување во “Само вистина”.

На новинарско прашање дали лидерите на ГРОМ и Интегра се за укинување на 20% поврзани со албанскиот јазик, тие одговараат:

– Јас стојам на ставот дека Уставот не може да го третираме како боксерска вреќа и треба да се прекине со негови измени по разни основи, дециден е Јакимовски, на што лидерот на Интерга додава:

– Пречесто отварање на Уставот значи дека тој не е квалитетен, дека нашата творба не е стабилна, треба да бидеме малку помудри, вели Ристевски.

Во врска со парламентарните избори Јакимовски вели:

– Очекувам дека на наредните анкети ГРОМ ќе се појави со свој рејтинг бидејќи вака се мереше рејтингот на целата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ си има земено обврска да го зврши овој процес за уставни измени, а ВМРО-ДПМНЕ да помогне да се заврши се ова за да може да формира влада.

Кога се ова ќе го земете во предвид, колку време е потребно да го подизлажат народот уште малку, мислам дека избори ќе има во 2024 година, вели Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски на распит во обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…

Ристовски: Гласајте за слобода, за број 3,…

„Во изминативе денови на кампања за парламентарниве…

ПОРАЗИТЕЛНИ БРОЈКИ! Андоновска: 3,4 доктори, 0,9 стоматолози…

-На 1000 жители имаме 3,4 доктори, вклучително…

(Видео) Ристовски од Куманово: Внимавајте на кого…

Коалицијата „Храбро за Македонија“ на ГРОМ, Интегра…

Ристовски: Храбар македонски народе, изберете храбар претседател…

Во изминативе 20-тина дена, коалицијата „Храбро за…