Анкара верува дека договорот за извоз на жито меѓу Русија и Украина може да доведе до прекин на огнот
Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин изјави дека Турција верува дека Договорот за извоз на жито од Украина може да доведе до прекин на огнот меѓу Москва и Киев.
– Не сакам да звучам премногу оптимистички, но Договорот всушност може да ја постави основата за доверба за која зборувавме претходно, што може да доведе до обновени преговори за прекин на огнот, за размена на затвореници, можеби, дури и до мировно решение, истакна Калин во интервју за Си-ен-ен.
Тој наведе дека е премногу рано да се каже што може да се случи, но ја нагласи потребата да се надгради Договорот.
Калин ја повика меѓународната заедница не само да го пофали постигнувањето на Договорот, туку и да се обиде да го надгради преку позитивни чекори.
Тој го коментираше и рускиот напад во саботата врз украинското пристаниште Одеса, посочувајќи дека Турција е во близок контакт и со Москва и со Киев
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…