Османи: Унилатералната изјава не е историски текст, иста таква Бугарија испрати и во 2017
Бугарија уште во 2017 година испратила унилатерална изјава за македонскиот јазик во ОН, но јавноста воопшто не била известена за тоа, информираше денеска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
-Унилатерална нота за македонскиот јазик со иста содржина Бугарија има испратено во 2017 година во Обединетите нации, веднаш штом се потпиша Преспанскиот договор и веднаш штом се впиша македонскиот јазик во картата на светските јазици, но за тоа не била известена јавноста кај нас. Сега се прави тоа и во ЕУ, каде што за првпат ја пратиле таа нота во 2018 година, но нема никакво правно значење бидејќи Софија гласаше за Преговарачката рамка во која нашиот јазик е чист, нашата Унилатерална позиција е дел од тој предлог за да се претстави нашата позиција по однос на нашиот јазк, изјави Османи на прес конференцијата со португалскиот шеф на дипломатијата Гомес Кравињо.
Во врска со критиките дека текстот во изјавата бил нелекториран, шефот на дипломатијата рече дека тоа што го видела јавноста бил само превод на изјавата која, пак, била приложена во ЕУ во оригинал на англиски јазик.
–Унилатералната изјава не е историски текст во кој хронолошки се опишуваат сите аспкети од развојот на јазикот.Ние го опишавме јазикот со најважните елементи од Уставот, од резолуцијата и од заклучоците од Собранието, кажа Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…
Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…
Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…
Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…
Гаража или паркинг место за автомобил во…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…