Заскитан куршум заврши во 40 годишен маж од Желино
Од заталкан куршум синоќа бил повреден 40-годишник во тетовско Желино. Како што информираа од тетовската полиција, поради повредата тој побарал и лекарска помош.
„На 25.7.2022 во 21.30 часот во Полициското одделение Групчин, Е.Р. (40) од с.Желино, тетовско, пријавил во дворот од куќата на неговиот брат во селото од залутано зрно од огнено оружје бил повреден на раката. Тој бил пренесен во Клиничка болница Тетово каде му била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Тетово и се работи на расчистување на случајот“, информираат од СВР Тетово.
На 18 јули годинава беше пријавено дека заталкан куршум завршил во соба од куќа во Челопек, но немало повредени лица, додека на 13 јули поради истата причина повредена беше 59 годишна жена во Тетово.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…
Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…
Насилник од Тетово му се заканувал на…
43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…
Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…
На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…
Во голем дел од тетовско утре ќе…
Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…
Тетовските медицински сестри три месеци без плата…
Десетици медицински сестри и техничкиот персонал од…