ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА: Протоколите со Бугарија водат до наративи во колизија со македонската и светската наука
Советот на Институтот за национална историја – Скопје како орган на управување, на својата редовна седница, одржана на 25.07.2022 година одлучи да се произнесе во врска со Билатералите протоколи со Република Бугарија.
Поаѓајќи од фактот што Институтот за национална историја е најстара научна установа во земјата, основана со уредба од 20 јули 1948 година, поради „големото значење на националната историја на македонскиот народ“, а повикувајќи се на актуелниот Закон за научно-истражувачка дејност, кој во член 3 ги дефинира начелата на „слобода и автономност на истражувањата и творештвото, – поврзаност со образовниот систем, – етичност, – неповредливост и заштита на личноста и достоинството на човекот, разновидност на мислења, методи, теории и доктрини“, како и утврдените цели во член 4, меѓу кои и „афирмацијата на националниот идентитет“, што го вклучува и членот 5 со кој како јавен интерес за државата, меѓу другото се дефинира истражувањето во „областана историскиот и културниот идентитет на македонскиот народ“,
Советот е должен да укаже на штетноста на Билатералните протоколи со Бугарија, кои можат да доведат до ситуација во која општествените наративи ќе бидат во колизија со сознанијата на македонската и поголемиот дел од светската наука.
Советот на ИНИ – Скопје укажува на важноста на јазичните, културните и историските наративи, како за дефинирање на нацијата, така и за нејзиното препознавање како различна од „другите“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…
Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…
ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…
Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…
Се запалиле бандери за електрична енергија во…
Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…
Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…
Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…
ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…
Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…