Македонија, Албанија и Србија се договорија за извозот на житото
Земјите-членки на „Отворен Балкан“ со собраа со цел да изготват конкретен Акционен план во насока на спречување на ескалацијата на негативните ефекти како резултат на војната во Украина. Македонија се обврза да дозволи извоз на пченица меѓу земјите, а Србија да ги укине извозните граници на основните прехранбени продукти. Во однос на бизнисите, ќе се забрани препродажбата на други пазари на пченица, пченкарно масло и др.
„Македонската страна се обврзува да ја укине блокадата за извозните прехранбени производи воведена минатата недела, а српската страна да ги укине извозните граници кон Албанија за производите од пченица и пченка, одредени по одлука на Советот на министри. Втората точка е дека економските оператори, снабдувачките компании и други се слободни да потпишуваат договори за набавка на која било стока, вклучително и производи поврзани со безбедноста на храната со одредба дека за производите што се однесуваат на безбедноста на храната како пченица, пченка, шеќер, растително масло да се забрани препродажбата од која било форма“, истакна Фрида Крифџа.
Тројцата вицепремиери на Албанија, Македонија и Србија се согласија дека можат да ги обединат силите за еден Акционен план и во енергетскиот сектор со цел да се намали зависноста од увоз.
„Меѓу Албанија и Србија е договорена соработка околу можноста за искористување на резервите на јаглен, со цел снабдување со суровини за термоцентралите на Србија. Македонија покажа интерес за директно, ова е многу интересно или индиректно инвестирање во терминалот LNG во Валона. Одржување отворени далноводи меѓу земјите со цел да се овозможи минување на енергетските текови за справување со енергетската криза“, вели Арбен Ахметај.
Македонската делегација ја предводеше вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи. Меѓудругото тој порача дека заеднички приоритет е регионално енергетско поврзување, зголемување на енергетските капацитети како и безбедно и стабилно снабдување со енергенси. Македонија интензивно работи на интерконективни гасоводи со соседите.
Овие обврски кои беа договорени на техничките средби меѓу земјите, ќе бидат конкретизирани на следниот самит на „Отворен Балкан“ што ќе се одржи на 1 септември во Белград.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…