Тајван и Украина главна тема на разговор меѓу кинескиот и американскиот претседател
Тензиите околу Тајван и војната во Украина најверојатно ќе бидат теми на телефонскиот разговор меѓу претседателите на САД и Кина, Џозеф Бајден и Си Џинпинг, што се очекува оваа недела, соопшти Белата куќа.
Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека економското ривалство на двете земји најверојатно ќе биде меѓу темите на разговор. Бајден во понеделникот најави дека ќе разговара со кинескиот лидер во текот на неделава.
„Ова е разговор кој е одамна задоцнет и веќе има сериозен број работи за кои двајцата лидери ќе разговараат”, рече Кирби.
Тоа ќе биде петти телефонски разговор меѓу Си и Бајден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…
САД ја продолжија националната вонредна состојба во…
МФ: Намалени царинските стапки на 67 стоки…
Собранието денеска ги усвои измените на Законот…
Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…
Привремената косовска влада објави дека изборот на…
Американците објавија видео од Б-2А бомбардерите пред…
Министерството за одбрана на САД објави инсерти…