(Видео) Алијанса за Албанците нема да поддржи референдум за францускиот предлог
Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села ја проблематизира секоја алтернатива поразична од членството во Европската Унија за Македонија.
Според него Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ. Во изјава за Инфомакс тој потенцира дека членството во Европската Унија е она кое што ги обединува сите граѓани и секоја друга варијанта може да не подели. Токму поради оваа причина тој повикува на разум.
-Во врска со референдумот за мене има многу неодговрени прашања, не знам што треба да се постигне со референдумот, кое ќе биде прашањето за референдумот. Ги имате ли овие одговори? Мислам дека никој јавно ги нема дадено одговорите. Во врска со што ќе биде тој референдум. Што ќе придонесе. Ако е во врска со францускиот договор, ние сме сериозна партија и конзистентна, ние уште на почетокот рековме дека треба многу добро да се размисли во врска со овој предлог бидејќи не е само прифаќање или не на предлогот. Тука е продолжување или не на патот кон ЕУ, или ќе прекинеме со Европска Унија. Ние мислиме дека друга алтернатива Македонија не треба да има. Само ЕУ треба да биде алтернатива и ништо друго. Постојат сили внатре во државата кои имаат и друго мислење, но тоа мислам дека ако имаме предвид која е нашата реалност од таа појдовна точка треба да појдеме, ЕУ е Унија која сите не обединува. Секоја друга варијанта може да не подели. И затоа треба разумно да се однесуваме, вели Села.
Доколку референдумот кој го бара ВМРО-ДПМНЕ се однесува на францускиот предлог за кој сите пратеници на Алијансата за Албанците гласаа во Собранието, Села потенцира дека нема потреба од повторно изјаснување бидејќи тој став е веќе познат.
Во врска со референдумот јас имам неколку прашања на кои и вие сега засега ги немата одговорите и треба да ги дадат тие што размислуваат да одиме на референдум. Од кога ќе знаеме која е целта на референдумот тогаш можеме да имаме и став во врска со ова прашање. Ако е за францускиот предлог, нашиот став е искажан со поддршката и во Собрание на францускиот предлог.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…
На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…
Во овој момент за нула евра сме…
„Супорт Кочани“ ја покри целата вредност на…
Организацијата „Супорт Кочани“ ја прими првата пратка…
Жалбата на пратеничката Мојсоска уважена: Собранието ќе…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот…
Москва тврди: Западот подготвува провокација против американски…
Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) обвини…