Се вративме: Нацизмот и фашизмот на голема врата се враќаат во Европа
Нацизмот и фашизмот на голема врата се враќаат во Европа. Вчерашната изјава на Орбан дека „Нациите каде што се мешаат расите не се нации“ е само почеток.
Во старт ќе елаборирам дека Орбан е суверенист и дека се грижи само за својот народ, Унгарски и тука нема ништо погрешно. Истовремено е јасно дека мултикултурното општество карта на која играше Европа, а е дел од онаа американска идеја за „melting pot“ не успева никаде, односно мизерно пропаѓа.
Но Орбан е политичар и како секој политичар го говори она кое што сака народот да го слушне.
Еугенетиката која се спротивставува на мешањето раси се појавува за прв пат во САД како „наука“ и е во суштината на нацистичката идеологија на Хитлер. Очекувајте дека во моментот кога ќе снема гас, гориво и храна во Германија криви ќе бидат Турците, Арапите, Сиријците, Украинците и кој ли уште не.
Истото ќе се случува и во Франција каде ќе бидат криви Црнците, Алжирците, Мароканците… Во Британија виновни ќе бидат Полјаците, Романците, Индијците, Пакистанците.
А политичките елити никаде нема да бидат виновни бидејќи и тие ќе го свртат кон десно. Како и во Вајмарска Германија нацизмот како појава ќе биде резултат на општествените прилики, а пред се на огромното потиснување на патриотизмот, национализмот и суверенизмот кој во суштина нема ништо со нацизмот. Сепак не си го сакаш својот народ ако го испратиш да гине кај Москва за интересите на големите корпорации.
Во Европа со оправдување дека се плашат од повторното појавување на овие опасни идеологии повеќе од 70 години се потиснуваше секој изблик на љубов кон татковината и очајно се обидуваше да се наметне непостоечки европски идентитет.
Се отиде во бестрага со неолибералната идеологија и напуштањето на базичните христијански вредности на кои се темели целата Западна цивилизација.
Спонзорирањето на украинскиот нацизам, она што и се прави на Македонија во односите со Бугарија со ретуширањето на историјата од Втората Светска Војна е само капка во морето.
Баравте и сега гледајте. Единствено што ни останува да се надеваме е дека ова ќе биде последниот циклус во кој историјата ќе се повторува.
Сликава во прилог сама вика „We are back“.
Пишува: Милош Милошевски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шукова: Наместо подобри позиции за ЕУ како…
Потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата…
Лишен од слобода скопјанец, управувал возило со…
На 18.06.2025 во 10.00 часот на патот…
Раст на смртноста во Македонија: Најчести причини…
Бројот на починати во државата во изминатата…
(Видео) Надреални сцени од Белата куќа, Трамп…
Неколку играчи на Јувентус, заедно со тренерот…
(Видео) Арсовска: Вики, не глуми, какво поткровје…
Ова е објава за читање за сите…