Дали МАНУ ќе биде првата институција во која ќе ги видиме најавените меѓуетнички тензии?
По жестоката јавна полемика меѓу членовите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), која почна со францускиот предлог и се прошири на прашањето дали Македонците се дискриминирани во својата земја, се чини дека идејата за создавање нова академија на Албанците во Македонија и не е така далеку од практична реализација, пренесува Плус Инфо.
Ова прв јавно го најави академик Абдулменаф Беџети, во колумна за „Лајм“, откако академик Катица Ќулавкова проговори за можноста за формирање трета албанска академија, со што академиците Македонци и академиците Албанци во МАНУ конечно би се раздружиле.
„Слободен печат“ открива дека група незадоволни професори Албанци, чии кандидатури за членство во МАНУ биле одбиени, лани кон крајот на декември формирале „Здружение за наука и уметност на Албанците“, со нескриени амбиции тоа да прерасне во академија на науките и уметностите на Албанците во Македонија. Во Здружението засега ги нема академиците Албанци од МАНУ. Тоа се самофинансира, но членовите велат дека ќе бараат пари и од државата.
„Ние можеме да се разделемие од анти-европското МАНУ без проблем“, напиша Абдулменаф Беџети во колумната за „Лајм“ и објасни како би течело раздружувањето. Имено, академиците Албанци планираат веднаш да повлечат 30 отсто од јавниот буџет на МАНУ и да станат „делничари со сите јавни активи, кои што се создадени од јавните пари на даночните обврзници“, објаснува Беџети.
Што им загрешија академиците Македонци на академиците Албанци, за да дојде до вакви директни и разработени предлози МАНУ да се подели?
Дел од академиците предводени од претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев и од Катица Ќулавкова отворено и жестоко ги критикуваа францускиот предлог, унилатералните изјави за јазикот и гласањето на партиите на Албанците во Собранието за заклучоците за преговарачката рамка. Академик Ќулавкова изјави дека малцинските етнички заедници се привилегирани во однос на мнозинскиот и конститутивен македонски народ. Коцарев, пак, изјави дека Македонија во 2084 година ја гледа како земја во која повеќе не живеат Македонци, кои, според него, ќе бидат целосно истребени, а земјата ќе биде „делумно рамноправна членка на ЕУ“.
На ова жестоко одговори академик Абдулменаф Беџети и напиша:
„Нема да се занимавам со ‘повикот’ на академик Коцарев за отпор кон интеграциските процеси на земјата под изговор за зачувување на инаку незагрозениот македонски идентитет, туку ќе се занимавам со предлогот на академик Ќулавкова за создавање трета Албанска академија, како што вели таа во последното интервју на ТВ Канал 5.
Извор: Плус Инфо
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски со клучни мерки за младите: Поевтини…
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски,…
Руските ракети во Полска предизвикаа реакција, НАТО…
Претставници на сите 32 земји-членки на НАТО…
Мицкоски за Алта: Банката ќе се спаси,…
Опозицијата ќе остане разочарана. Алта банка ќе…
Мицкоски: Брачни двојки до 35 години нема…
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,…
Мицкоски најавува посета на комитетите низ цела…
ВМРО-ДПМНЕ започнува нова кампања „Очи в очи,…