Јакимовски: Ова е најслаба Влада од осамостојувањето на државата и да не можеш да ја срушиш е смешно
Градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски во летното издание на „Click21“ на ТВ21 го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за обид за преврат во партијата ГРОМ.
„Мицкоски не гукна затоа што знае дека се што сме кажале е точно. Не може метод на работа да биде опструкција и блокади. Ако го блокирате Ковачевски, Заев во парламентот, зошто би требало да ме блокирате мене во општина Карпош? Зошто кон коалициониот партнер се однесувате така? Ваш метод на работа стана да биде блокади, ај према тие на кои што им сте опозиција, ама и во општина Карпош каде што сте власт и не може така да се однесувате, да не зборуваме за обидите за мешање внатре во партијата ако може да се направи преврат во ГРОМ. Сите работи излегуваат на виделина“, вели Јакимовски.
Тој вели дека партијата а не тој одлучиле за раскинување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.
„Партијата на Централен одбор од 80 присутни со 1 глас против и еден глас воздржан гласаа за раскинување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ“, рече градоначалникот на општина Карпош и претседател на партијата ГРОМ, Стевче Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна
Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…
Град Скопје ќе додели средства за сите…
Советот на Град Скопје на денешната седница…
Јакимовски со барање до надлежните распустот да…
Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…