Објавено на:

Скоро милион луѓе во карантин во Вухан поради само четири нови случаи

t

Близу милион луѓе во предградијата на кинескиот град Вухан, за кој многумина веруваат дека почна пандемијата на коронавирусот, се во карантин поради четири случаи на коронавирус.

На жителите на населбата Џангсја им е наредено три дена да останат во своите куќи или станови, откако беа откриени асимптоматски случаи на ковид, пренесе Би-би-си.

Кина има стратегија за нулта-толеранција за ковид, која вклучува масовно тестирање, строги правила за изолација и карантини, поради што бројот на смртните случаи е значително помал отколку во поголем дел од светот.

Во Вухан, град со 12 милиони жители, рутинското тестирање пред два дена откри два асимптоматски случаи, а потоа беа пронајдени уште два случаи преку следење на контакти и беше воведен карантин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои…

Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се…

За една недела починале 4 лица: Регистрирани…

Во периодот од 9 до 15 септември…

За десетина дена ќе стигне донација од…

Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат…

Две лица починале: Регистрирани се нови 213…

Од 19 до 25 август, тестирани се…

Зголемување над 60 проценти на болни од…

Од 12 до 18 август во државава…