Објавено на:

Прекината потрагата по Мартин: “Ќе чекаме морето да ни го врати”

t

Грчката организација  ОФКАТ која ја предводеше потрагата по Македонецот Мартин кој исчезна во Егејското Море деенска објави дека потргата ќе продолжи на „друго ниво“ и ќе се чека морето да го врати Мартин.

-Денеска затвораме 20 дена без Мартин! Напорите за негово лоцирање цело време за жал беа неуспешни иако морето, копното и небото ги прокрстаривме со она што го имавме на располагање и со сите државни органи. Мартин не припаѓа на морето, Мартин припаѓа на копното и мора да се „врати“ таму во одреден момент. Па да го оставиме морето да си ја заврши „работата“ неколку дена со надеж дека во еден момент ќе ни го врати. Сочувствуваме со неговото семејство и затоа нема да дозволиме случајот да се затвори! На мајката Лидија и на неговиот брат Горан им ветивме дека ќе го најдеме Мартин. Потрагата сега продолжува на „друго“ ниво – објавија од ОФКАТ.

Мартин исчезна на почетокот на јули со уште двајца другари кога морето ги повлекло кај Посиди. Првото момче беше спасено брзо откако го забележал сурфер, а второ момче беше пронајдено по поминати над 20 часа со вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонец уапсен во Црна Гора по потерница…

Деветнаесетгодишниот македонски државјанин Андреј Танасковски е уапсен…

Уапсен е македонски државјанин во Србија кој…

Возачот на брзата помош (роден 1985 година),…

(Видео) Братот на поранешниот македонски конзул во…

Хако Витанов, брат на поранешниот конзул на…

Македонец уапсен во Хрватска: Нападнал 71 годишник,…

Хрватската полиција поднесе кривична истрага против 34-годишен…

Македонец уапсен во Грција – со мотоцикл…

Полицајците од Килкис уапсија едно лице кое…