Министерката за култура: Топла вода не измисливме ама мора да одиме во Европа, историјата да не биде затвор

t

Да престанете со слободна интерпретација на меѓународни договори, соработката со Бугарија е долго време активна и не е ништо ново, топла вода не измисливме ама мора да одиме во Европа. Историјата повеќе да не ни биде затвор, туку да ни биде лекција, порача денеска од собраниската говорница министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, одговорајќи на пратеничко прашање.

Taa потенцира дека Министерството за култура во ниту еден момент нема да цензурира ништо. Државава треба да гради соживот, а историјата е таа што е и не смее да се интерпретира како говор на омраза, подвлече министерката.

– Спонзорираме уметност и творештво на многу повисока категорија граѓани и овој Договор за пријателство се надевам нема така да го толкувате. Соработката со Бугарија одамна постои, топла вода не измисливме ама мора да одиме во Европа, да градиме соживот. Немојте да ги извртувате напорите што се направени, дека Министерството ќе прави цензура и дека ќе става граници. Во Договорот со Буарија стои дека ќе разменуваме артисти за Илидненски денови, Струшки вечери, Охридско лето,… што не е ништо ново, подвлече Костадиновска Стојчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бомбакис и Бисера со моќна порака од…

Бомбакис, човекот кој испраќа порака преку неговите…