Комисија за историја со Бугарија: Нема да има жестока дебата со бугарските историчари за Втората светска војна, убеден Ѓорѓиев
Копретседателот од македонска страна во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев е оптимист дека побрзо ќе се постигне согласност меѓу бугарските и македонските историчари за периодот на Втората светска војна.
Тој, во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, меѓутоа, очекува жестока дебата меѓу историчарите од двете земји за крајот на 19 и почетокот на 20 век.
– Јас сметам дека тука е многу појасна ситуацијата, јас се плашам ако трае работата на Комисијата во следните години, крајот на 19 век, почетокот на 20 век, ќе биде многу проблематичен. Периодот на Втората светска војна е многу јасен, нема за што да дебатираме. Постојат документи од бугарските архиви, од бугарската Влада дека се подготвуваат да извршат окупација на Македонија. Искрено тука не очекувам поголема дебата и одолговлекување, бидејќи ние тука сме на многу посигурен терен, постојат еден куп документи за нашата борба во Втората светска војна, за идеите за кои се борат Македонците. Јас сум тука прилично голем оптимист дека ќе можеме полесно да се договориме, рече Ѓоргиев.
Според него, нападите и изјавите од страна на колеги историчари од земјава создале една непријатна атмосфера кон работата на Комисијата, и особено, вели, во јавноста која не е директно запознаена со работата на Комисијата.
– Јас не знам на што се должи тоа, никогаш тие колеги не дошле да прашаат за што ние разговараме, кои се нашите намери, кои се нашите идеи за препораките. Нивните пишувања најчесто се изјави и тоа не од страна на македонски политичари, туку од бугарски. Доколку некој во Бугарија изјави тоа е апсолутна вистина и тие го земаат тоа како основа за свои пишувања – вели Ѓоргиев.
Тој наведува дека таков бил случајот со објавувањето на вториот протокол од Бугарија.
– Дваесет пати во делот за работата на историската комисија се употребува терминот „двете страни“, значи има 99 отсто реципроцитет во работата на Комисијата – вели копретседателот Ѓоргиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Брачни двојки до 35 години нема…
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,…
Мицкоски најавува посета на комитетите низ цела…
ВМРО-ДПМНЕ започнува нова кампања „Очи в очи,…
ЈА НАПАДНАЛ ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА – 38-годишник приведен…
На 21.11.2026 во 23:00 часот, полициски службеници…
На Вучиќ му се закануваат до осум…
Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, лично…
Заканувачко писмо во канцеларијата на претседателката
На 18 ноември во 9:50 часот во…