Објавено на:

Фенербахче е под истрага на УЕФА за скандирањето „Ла ла Владимир Путин“

t

УЕФА објави дека ќе отвори дисциплинска постапка против Фенербахче, откако група навивачи на турскиот клуб го скандираше името на рускиот претседател Владимир Путин за време на реванш натпреварот во Истанбул против Динамо Киев во рамки на 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони.

Однесувањето на навивачите на Фенербахче во средата наиде на осуда на социјалните мрежи, а УЕФА одлучи да реагира.

– Нашите етички и дисциплински инспектори ќе спроведат дисциплинска истрага поради недоличното навивање на навивачите на Фенербахче, објави УЕФА.

Од Фенербахче се огласија преку соопштение, наведувајќи дека „некои“ навивачи не го претставувале клубот, ниту неговите позиции или ставови, напоменувајќи дека клубот од Истанбул е против војната во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Начевски: Да не беше Заев, Филипче немаше…

Коста Начевски, долгогодишен член на СДСМ и…

ВАШИНГТОН ГО ИЗВЕСТИЛ БАГДАД ЗА МОЖЕН НАПАД…

Соединетите Американски Држави го информирале ирачкиот премиер…

Британскиот премиер ги повика граѓаните да направат…

Британскиот премиер Енди Барнам ги советуваше граѓаните…

Студент по медицина со просек 10 го…

Младиот човек тврди дека нема криминално досие,…

Меланија Трамп издејствува прекин на огнот меѓу…

Меланија Трамп, сопругата на американскиот претседател Доналд…