(Видео) МВР: „Тигрите“ добија вагони за обука за решавање кризна ситуација
Во касарната „Илинден” денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, и заменик-директорот на БЈБ, Ариф Асани, присуствуваа на Оперативно-тактичка вежба на Специјалната антитерористичка единица „Тигар” насловена „ПЕРОН 192”, а по повод презентација на новиот полигон за обука, во рамки на стрелиштето во касарната „Илинден“ во Скопје, кое претставува и база за подготовки на САЕ ТИГАР.
Од МВР велат дека имајќи го предвид значењето што го имаат специјалните единици на МВР во системот за безбедност на државата, нивна заедничка карактеристика е потребата од специфични полигони за обука и вежби.
-Откако пред година и половина беше оспособен просторот за реализација на модерното стрелиште за гаѓање, како дел од полигонот за урбана борба, во чиј состав влегува Куќата за гаѓање и автобусот за вежби, после 41 година се наметна потребата од доопремување на полигонот за работа на тубуларни системи со елементот за обука и вежба за решавање на кризна ситуација во воз. За таа цел, по примерот на европските полиции, беше неопходно да бидат поставени вагони кои би ја доловиле ситуацијата што поблиску до реалноста, а со чија помош припадниците на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР ќе можат практично да вежбаат за вакви ситуации, велат од МВР.
За комплетирање на овој сегмент од полигонот за обука, заслужни се неколку општествено-одговорни фирми, кои ја препознаа потребата да биде докомплетиран и овој сегмент. Во оваа прилика министерот Спасовски додели плакети за благодарност на Македонски железници Транспорт, Македонски железници Инфраструктура, ФАКОМ Доо Скопје и РАПИДБИЛТ- Куманово.
Министерот Спасовски врачи и плакета за долгогодишен особен придонес во промоцијата на професионализмот во Министерството за внатрешни работи на началникот на Одделот за специјални полициски операци Бранко Трајановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…
Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…
Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…
Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…
Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…
Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…
Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…
Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…
Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…
И по 23 години од случувањата на…