(Видео) Интервју со Коцарев: Побрзо ќе се случи ние да исчезнеме отколку да влеземе во ЕУ
Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев повторно ги критикуваше Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство, како и вториот Протокол меѓу владите на Македонија и Бугарија. Според него, сите три документи треба да се гледаат заедно.
Тие водат кон разнебитување на Македонците и државата, вели Коцарев во интервју за Тв Сител.
Тој говореше и отворањето на преговорите на земјава со ЕУ. Според него, реалноста е дека Црна Гора преговара со ЕУ веќе 10 години и од 35 поглавја, затворени се само 3.
Тоа значи дека секогаш можат повторно да бидат отворени, дури и кога се потпише Договорот за пристапување, треба да се ратификува во сите собранија на земјите-членки и тоа повторно можат да го вратат. Оттука бев поттикнат да напишам во својата колумна. Црна Гора нема проблеми со ниту еден сосед, а ние имаме големи проблеми. Мислам дека можеби процесот на пристапување во ЕУ ќе трае бесконечно долго. Побрзо ќе се случи ние да исчезнеме, а дури потоа да влеземе во ЕУ, за жал, смета Коцарев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…