Зависна и нестручна историско-образовна комисија
Зависна и нестручна историско-образовна комисија
Кои се членовите во Мешовитата комисија за историско-образовни прашања и какви специјализации имаат? Кој ги бираше? На кого му даваат извештаи и му полагаат сметки?
Кој ги плаќа и колку? И дали како награда ќе добиваат бонуси – титули, академски, универзитетски…?
Најпрвин фактите и аргументите. Членови на заедничката(со Бугарија) историско-образовна комисија се:
Академик, Драги Ѓорѓиев е редовен професор во ЈНУ Институт за Национална Историја – Скопје и негов директор од 2012 г. Фокусот на неговата истражувачка и просветно-образовна дејност е историјата на Македонија во османлискиот период. Поширокиот фокус на неговите истражувања ги опфаќа исламизацијата во Македонија во XVI век, положбата на немуслиманите во Македонија за време на османлиското владеење, како и поширокиот социјален, економски и религиозен контекст на историјата на Македонија за време на османлискиот период.
Проф. д-р Петар Тодоров – историчар, магистрирал на Високата школа за општествени науки во Париз (Ecole des hautes études en sciences sociales – EHESS) во 2006 г., а докторската теза ја одбранил на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во 2013 г. Неговиот истражувачки интерес се фокусира на социјална и урбана историја на османлискиот и постосманлискиот простор на Балканот. Исто така, во истражувачкиот фокус се историското образование и (зло)употребата на историјата во современите општества. Корисник е на неколку стипендии и истражувачки грантови од неколку меѓународни високобразовни институции (Универзитетот во Виена, Американскиот истражувачки центар во Софија, Георг Екерт институт за истражување на меѓународни учебници).
Проф. д-р Исамедин Азизи – историчар вонреден професор во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците. Магистрирал на универзитет “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Институт за национална историја на тема “Albancite na Balkanot 1912-1920“, а докторирал на тема “Односите меѓу Албанија и Кралството на СХС/Југославија 1918-1939“.
Проф. д-р Љупчо С. Ристески, од 2012 г., редовен професот на Институтот за етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” за група предмети од етнологија и социо-културна антропологија.
Д-р Љубица Спасковска, дипломирала Општа и компаративна книжевност и француски јазик, а магистрирала Демократија и човекови права на Универзитетите во Болоња и Сараево и Централно-европска историја на Централно-европскиот Универзитет во Будимпешта. Таа е доцент на Универзитетот во Ексетер (University of Exeter) во Велика Британија, докторирала на истиот универзитет во 2014 година. Таа е автор на научната монографија The Last Yugoslav Generation: the Rethinking of Youth Politics and Cultures in Late Socialism (Manchester University Press, 2017).
Д-р Огнен Вангелов е политиколог со докторска дисертација на универзитетот Кингстон во Канада.
А сега одговори на напред поставените прашања: Членовите на оваа комисија ги избра Владата на Република Македонија, без никаква претходна процедура и во отсуство на основни научни и експертски принципи и исполнување на минимум услови за компетентност, стручност, соодветна специјализација, поседување на искуство во струката и покажан квлаитет и компетентност во работењето.
Со сиклучок на копретседателот, сите други се тотални анонимуси, и без неопходен квантум на референци(домашни и меѓународни). Ги плаќа владата, и значи се зависни од неа. Ама, видовме дека се зависни и од авторитети(сиви и црвени еминенции), најчесто лажни и затскриени во темните одаи на Министерството за надворешни работи.
И што е најчудно, според изјавите на министерот Османи(сакајќи да ги измие валканите раци на македонската политика и дипломатија), на оваа комисија и даде овластувања да жари и пали во македонската историја и образованието. Значи, тие ќе шиткаат наши светли историски личности(веќе продадоа 5 личности) и значајни настани. Преведено на јазикот на науката, тоа значи ќе врши ревизија на македонската историја. Поточно, тоа е ретуширање на личности и превреднување нанастани, со еден збор фалсификување на нашата историја по желба и диктат на бугарскиот естаблишмент. Зарем ќе го дозволиме тоа?
И за крај: каде се доајените на македонската историја? На пример Михајло Миноски(кој има повеќе години искуство, научно-историска пракса и теорија и напишани книги за односите на Макердонија и Бугарија од сите нив заедно). А истата констатација важи и за научно потврдените и стручно признаените Тодор Чепреганов, Митко Панов, Наташа Котлар, Никола Жежов, Нада Јурукова, Виолета Ачковска, Бранислав Светозаревиќ, Новица Вељановски, Ѓорги Малковски, Маја Ангеловска – Панова и многу други, докажани, проверени и потврдени историчари.
Исто така, каде се реномираните и стручни лингвисти, социолози и политиколози, кои целиот свој живот и научно дело го имаат посветено на македонскиот јазик, култура, наука, уметност и традиција?
Во сета оваа калакурница каде се МАНУ, УКИМ, ИНИ, ИМЛ, ДАРМ, и останатите институти за македонски јазик, литература и фолклор? Сите овие државни институции се заобиколени и маргинализирани, за сметка за некојси шестмина одбари. Кога на ова ќе се додаде и игнорирањето на ставот на научната, стручната, академската и граѓанската општа јавност сликата е потполна и јасна. Ова е промашен проект и против интересите, национални и државни, на Република македонија.
Сума сумарум, стоп за иторискиот ревизионизам, стоп за историскиот фалсификат и стоп за унакажувањето на македонското образование. Значи, треба да направиме се комисијата да се расформира и да се заложиме историјата и образованието да добијат научен третман каков што и заслужуваат.
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…