Ивановски без мака до полуфинале на ИТФ турнирот во Австрија!
Најталентираниот македонски тенисер во моментов, Калин Ивановски, се најде меѓу четворицата најдобри на ИТФ-турнирот во австрискиот град Котингбрун, откако денеска без поголеми проблеми ја реши четвртфиналната енигма наречена Питер Голдштајнер.
Македонецот до триумф дојде без загубен сет и тоа со резултат 6-3, 6-4, а претходно ги совлада Биелински (Украина) и Шел (Германија).
Ивановски утре, за место во финалето, ќе ги одмери силите со подобриот од пресметката помеѓу првиот носител на турнирот, Валентин Вашеро (Монако) и Нејтан Сетон (Франција).
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нафтата Брент достигна 116,72 долари за барел
Цената на суровата нафта Брент го заврши…
Франција пред денешните протести: И Мона Лиза…
Париз, но и во другите градови, за…
АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА: Иран ги засилил подготовките…
Американските разузнавачки служби предупредуваат дека Иран значително…
Трамп вели дека САД може да извршат…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…
Закана од штрајкови во „Фолксваген“: Работниците бараат…
Работниците во „Фолксваген“ се заканија со штрајкови…