Објавено на:

Украинска писателка: Ако преживеам доаѓам во Македонија – благодарам за тенковите

t

краинците со воодушевување ја примија веста дека Македонија испраќа тенкови кои ќе им помогнат во битката за спасување на нивната татковина од руската агресија. Сите тамошни медиуми, дел од нив повикувајќи се на веста која ја објави „360 степени“, информираат дека македонската влада решила да и донира на Украина 30 тенкови Т-72 и дека тие веќе се транспортираат кон крајното одредиште.

На социјалните мрежи се изразува огромна благодарност до Македонија за помошта и се критикуваат западните земји, пред се Германија, бидејќи и покрај ветувањата за нејзина помош во вооружување, таа никако да стаса.

На твитер профилот на новинарот на „Киев Индепендент“, Илија Пономаренко кој прв ја соопштува информацијата за македонската донација, може да се забележат десетици позитивни коментари упатени кон Македонија.

Особено интересен е оној испратен од твитер налогот на познатата писателка Викторија Амелина, која не го крие своето задоволство од македонското добродетелство. Таа најавува дека после победата над рускиот агресор, доколку преживее, Македонија ќе биде нејзината прва дестинација на која ќе го помине својот годишен одмор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…

Како МВР е надлежно да поднесува кривична…

Три градови во БиХ урнаа рекорди –…

Босна и Херцеговина денес беше погодена од…

Рама: Планот за азил во трети земји…

Албанскиот премиер Еди Рама ја критикува политиката…

Претепан и ограбен малолетник во Струга

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(39),…

Израел тврди дека врховниот лидер на Иран…

Израел ќе го убиеше врховниот лидер на…