Полицијата ги тресела Бугарите во клубот „Ванчо Михајлов во Битола?!

t

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на Македонија ќе изврши претрес во Бугарскиот културен клуб „Иван Михаилов“ во Битола, за што бил информиран претседателот на здружението, Љупчо Георгиевски, пренесува БГНЕС.

Георгиевски официјален допис добил вчера, а во писмото од Комисијата за антидискриминација се вели дека на 4 август ќе се изврши увид во просториите на Центарот за култура и се предупредува дека на службените лица мора да им се овозможи пристап.

Во писмото се прецизира дека според Законот за спречување и заштита од дискриминација, Комисијата може да изврши преглед на документацијата и на просториите, како и да бара и собира копии од документи поврзани со конкретен случај и дискриминаторски практики, почитувајќи го правото на приватноста.

Во текстот на БГНЕС се потсетува дека отворањето на бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола во април предизвика бран на негодување кај македонската политичка елита, која ја обвини Бугарија за провокација поради несоодветниот избор на името на клубот. „Од страна на многу политичари и јавни личности дури имаше повици за суспензија на Договорот за добрососедство и соработка“, пишува во текстот во кој се цитира премиерот Димитар Ковачевски, кој на 21 април изјавил дека во рок од неколку денови ќе бидат преземени чекори во врска со регистрацијата на граѓанското здружение „Иван Михаилов“ и отворањето на културниот центар со тоа име во Битола.

Според него, се работеше за провокација која кај луѓето ги разбуди духовите од минатото кога станува збор за човек што бил соработник и на хитлерова Германија и на Италија на Мусолини и на НДХ на Анте Павелиќ.

Подоцна, на 4-ти јуни, пејачот Ламбе Алабаковски ја запали влезната врата на бугарскиот клуб и беше приведен откако самиот се предаде во полициска станица, но набрзо беше ослободен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…