Инфомакс ексклузивно дознава: Во болница на Боки 13 му е направена корекција на ботоксот
Бојан Јовановски-Боки 13 веќе една недела е хоспитализиран во градската болница „Св. Наум Охридски“. Тој е задржан на лекување поради влошена здравствена состојба, потврдува и неговиот адвокат, Сашко Дуковски за А1 ОН.
Според наводите на повеќе медиуми Бојан Јовановски-Боки 13 требало да замине на операција за која има висок ризик од смртност.
„Доколку не дојде до подобрување на здравствената состојба пациентот ќе мора да биде опериран. Се прават дополнителни медицински иследувања по кои ќе донесеме одлука“, изјавил хирургот Ефтимов за А1 ОН.
Според информациите на Инфомакс врз Бојан Јовановски навистина била спроведена лекарска интервенција ама не била животозагрожувачка.
Врз Јовановски според нашите информации била направена корекција на ботоксот кој му е инјектиран во пределот на лицето кој му предизвикувал здравствени проблеми.
Ботоксот е токсин произведен од бактеријата клостридиум ботулин. Во големи количини, овој токсин може да предизвика ботулизам. И покрај фактот дека една од најлошите компликации на ботулизам е парализата, научниците пронашле начин како да го искористат во полза на човекот.
ФДА одобри ваква употреба кон крајот на 80-тите години на минатиот век, кога откри дека ботоксот може да запре болести како што се блефароспазам (неконтролирано трепкање) и страбизам (мрзливо око).
Лекарите го користат со години за успешно лекување на брчки и брчки. Во април 2002 година, ботоксот доби одобрение од ФДА за третман на умерени до сериозни намуртеност помеѓу веѓите. Сепак, често се користи во други области на лицето. Ботоксот ги блокира сигналите од нервите до мускулите. Инјектираниот мускул повеќе не може да се собира, што предизвикува релаксација и омекнување на брчките.
“Единствено што ќе менувам се моите усни – мислам дека ми е потребно малку да ги ‘наполнам’. Секоја јавна личност треба убаво да изгледа”, изјавилж Боки 13 пред неколку години.
Естетските операции очигледно си го земаа данокот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…
Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…
Несреќа во Германија: Македонец тешко повреден од…
Во тешка работна несреќа што се случила…
Сериозна бура го погоди Јадранот, погодени делови…
Низ цела Црна Гора и Херцеговина попладнево времето…
ЦУК: Можни се поплави во Арачиново, Стајковци…
Воздушна маса со изразена нестабилност се задржува…