Голема акција во Косово: Уапсени 18 лица за трговија со мигранти
Косовската полиција објави денеска дека уапсила 18 лица кои се сомничат за трговија со емигранти, во обемна операција под кодното име „Габер” („Шкоза”), јави дописникот на МИА од Приштина.
Според полициското соопштение, истрагата за лицата за кои постоело сомневање дека се вмешани во нелегалната дејност со емигранти започнала уште во март оваа година.
На 14 јули е уапсен сириски државјанин кој престојувал во Косово со цел да ја организира операцијата на трговија со емигрантите, додека вчера во населбата Шкоза во Призрен е уапсено уште едно лице кое е фатено додека го вршело кривичното дело. Тој избегал и се обидел со неговото возило да ги прегази полициските службеници, по што е фатен и притворен под обвинение за напад врз службено лице.
Подоцна во текот на вчерашниот ден се уапсени уште 16 лица осомничени за вмешаност во кривичното дело трговија со емигранти.
Тие се сомничат дека нелегално ги пренесувале емигрантите, главно по потекло од Азија, од Албанија во северниот дел на Косово, а целта им била да заминат во западна Европа.
Во вчерашната акција се запленети четири парчиња огнено оружје, 95 куршуми, три автобуси, две возила, два апарати за радио-врска и 17 мобилни телефони.
Од приведените, на 17 им е одреден притвор, додека едно лице е пуштено да се брани од слобода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…