Путин горд: Руската морнарица ќе добие страшни хиперсонични проектили
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руската морнарица следниот месец ќе добие хиперсонични крстосувачки ракети од типот Циркон.
Говорејќи во Санкт Петербург на прославата на Денот на руската морнарица, тој рече дека областа на употреба на Циркон „ќе зависи од руските интереси“.
Путин директно не ја спомна Украина, но рече дека ја потпишал новата доктрина на морнарицата и тврди дека ракетата Циркон е „уникатна во светот“.
„Испораката на овие ракети до вооружените сили на Русија ќе започне следниот месец. Фрегатата „Адмирал Горшков“ ќе биде првата што ќе оди во борбени мисии вооружена со ова застрашувачко оружје“, рече Путин, а потоа додаде: „Клучната работа е способноста на руската морнарица, која е способна со молскавична брзина да одговори на сите оние кои ќе решат да го загрозат нашиот суверенитет и слобода“.
Хиперсоничните проектили можат да патуваат со девет пати поголема брзина од звукот. Минатата година Русија спроведе серија Циркон тестови од воени бродови и подморници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…
Трамп побара од ЕУ да го притисне…
Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…