Од утре поскапува парното, пред нас е најтешката зима

t

Регулаторна математиката ја правеше со проценка дека 70% од потребите ќе ги задоволи ТЕ-ТО, која е гасна централа. Сепак, гаранции дека ќе има непречен увоз на енегергенсот – нема.

Универзитетскиот професор Константин Димитров смета дека само во идеални услови може да се очекува ТЕ-ТО да ја испорача планираната количина. Главен проблем, според него, е што се уште нема информација дали Бугарија ќе одобри приклучување на алтернативните гасоводи од Грција.

„За да работи ТЕ-ТО треба да има купено гас. Не добивме информација, пред недела министерот најави писмо ќе пише во Бугарија да ни одобрат приклучување, не знаеме до каде е со таа работа. Кога ќе се направат тие договори, тоа е второто прашање, и ако нема гас треба да се набави мазут, да се транспортира ама тогаш веќе нема да важи ова „ако“ работи ТЕ-ТО – е нема да работи.“

Од утре стапува на сила и одлуката за прогласување на нова кризна состојба во енегергетиката. Земјава со грант од ЕБОР од 100 милиони евра ќе набавува мазут и јаглен, и по потреба ќе увезува струја, но Димитров потенцира дека ниту еден кредит за набавка на енергенси не вреди ако нема целосно исправни капацитети.

„Генерално во енергетиката доцниме 10 години или најмалку 6-7 години. Да се изгради една енергетска постројка од, да кажеме, 200 мегават часови ви требаат, во наши услови на градење, едно 5 години.“

Премиерот Ковачевски повтори дека пред нас е најтешката зима по Втората светска војна, но уверува дека Владата работи постојано за да нема проблеми во снабдувањето со гас и електрична енергија.

Ковачевски најави и нов пакет антикризни мерки а приоритет ќе им се даде на најранливите категории, кои се и најпогодени од енормното поскапување на енергенсите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Последни пресметки за цената на парното греење,…

Компаниите кои се надлежни за парното греење…

Блинкен вети дека американската поддршка за Украина…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и вети…

Во вторник ќе се објави новата цена…

„Цената на парното ќе биде позната во…

“Празнична атмосфера”: Во Киев нема ни вода…

Клучната инфраструктура е оштетена во Киев по…

Од денеска снег во Киев, а градот…

Во Киев од денеска се очекува обилен…