Објавено на:

Захарова реагира: Одлуката на Приштина е со цел протерување на Србите од Косово – САД и ЕУ да престанат со провокации кон Србија!

t

Коментар на официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова за случувањата во Косово.

„Одлуката на „властите“ во Приштина од 1 август да започне со примена на неразумни дискриминаторски „правила“ за присилна замена на личните документи и матичните броеви на локалните Срби е уште еден чекор кон протерување на српското население од Косово.

Раселувањето на институциите на косовските Срби кои обезбедуваат заштита на правата на српските жители од самоволиските приштински радикали предводени од „премиерот“ А. Курти. Косовските лидери знаат дека Србите нема да останат рамнодушни кога станува збор за директен напад на нивните слободи и намерно ескалираат за да започнат воено сценарио. Секако, во првите редови на нападот е и Белград, кој Западот сака дополнително да го „неутрализира“ со рацете на косовските Албанци.

Ги повикуваме Приштина и САД и ЕУ зад неа да престанат со провокациите и да ги почитуваат правата на Србите на Косово.

Ваквиот развој на настаните е уште еден доказ за неуспехот на посредничката мисија на Европската унија. Ова е и пример за тоа какво место му беше подготвено на Белград во Европската унија, нудејќи му на Белград де факто да го трпи недостатокот на права на своите сонародници, напиша Захарова на официјалниот канал на Телеграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…