(Видео) Косовската полиција го затвори и граничниот премин Брњак!
Полицијата го затвори сообраќајот за патници и возила на премините Брњак и Јариње поради блокади на патишта од локални Срби, соопшти косовската полиција.
Полицијата ги повика граѓаните за сообраќај да користат и други премини.
Србите поставија барикади во градовите Жупча и Рударе, во близина на Звечани, како знак на незадоволство од мерките за реципроцитет на косовските власти за лични карти и регистарски таблички издадени од Србија, кои стапуваат на сила на полноќ.
Припадниците на косовската полиција ги враќаат сите возила од преминот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прво обраќање на Радомир Саичиќ како кандидат…
Студентската листа денеска соопшти дека академикот и…
Брнабиќ со остар испад пред изборите: „Ова…
Пратеничката на Српската напредна партија (СНС) и…
Српската полиција уапси 17-годишник во Белград со…
Српската полиција уапси седумнаесетгодишник од околината на…
Притвор до 30 дена за директорката на…
Вишиот суд во Белград одреди притвор до…
Србија ќе избира претседател на 27 декември:…
Претседателот на Народното собрание на Србија, Александар…