Објавено на:

(Видео) Улиците празни, нема сирени, огромна тензија: Ни пиле не лета во Северна Митровица

t

Ситуацијата во Северна Митровица вечерва се уште е крајно тензична, околу 20 часот и 30 минути престанаа да се огласуваат сирените, а на улиците има многу малку луѓе.
Како што јави дописникот на Косово онлајн, Србите со кои разговарал се решени да се спротивстават на секој обид од Приштина да ги загрози нивните права и безбедност.

На главниот мост на Ибар во моментов нема никој освен неколку полициски возила.

Претходно попладне имаше информации дека почнале да се собираат Албанци од јужниот дел, но во моментов нема поголеми групи од јужната страна на мостот.

Србите од северните косовски општини во попладневните часови се собраа на главните патишта кон Брњак, Јариње и кај Зубин Поток, со намера да го спречат почетокот на воведувањето на реципроцитетни мерки од Приштина, најавени за понеделник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија е најголема закана за Македонија –…

Балканските земји се сметаат за непријатели, покажува…

(Видео) Ескобар: Формирање на ЗСО е клучно…

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа…

Ексклузивно писмо: Франција, Италија и Германија го…

Чекорите што ги презеде Косово не ги…

Шолц: Германија е подготвена да ја поддржи…

Германскиот канцелар Олаф Шолц му честиташе на…

Вежба на КФОР во Бондстил

Припадниците на мисијата на КФОР денеска изведоа…