Курти: Вучиќ и Петковиќ се главни виновници за ситуацијата во која се наоѓаме!
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека наредните денови ќе бидат предизвикувачки и проблематични, бидејќи Косово се соочува со „српски шовинизам“, кој, како што рече, многу добро го знае.
Курти изјави дека главни виновници за овој хаос се претседателот на Србија, Александар Вучиќ и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.
Тој на Фејсбук изјави дека српските „нелегални структури“, пред издавањето документи за влез и излез од Косово, ги блокирале патиштата, кои, како што вели, веќе биле планирани.
Им претходеа изјави, средби и собири во Белград и Рашка. Овие агресивни дејствија што се случуваат денеска беа планирани и поттикнати таму. Вучиќ и Петковиќ се одговорни за немирите“, напиша Курти на Фејсбук.
Тој наведува дека Владата на Косово е „демократска и прогресивна“, која „го сака, го почитува и спроведува законот и уставноста, мирот и безбедноста, за сите граѓани без разлика и за целата наша заедничка земја“.
„Агенциите за спроведување на законот и безбедноста собираат информации, ја следат ситуацијата и ќе дејствуваат во одбрана на законот и граѓаните, нашиот суверенитет и територијален интегритет. Следните часови, денови и недели може да бидат предизвикувачки и проблематични“, додаде тој.
Курти наведува и дека се соочени со „српски национал-шовинизам“, кој добро го познава.
„Ќе работиме дење и ноќе, ќе дежураме, за вас како граѓани и за нашата демократска република. И заедно успеваме да го зачуваме законот и редот“, рече косовскиот премиер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…