АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ Е ВО ГЕНЕРАЛШТАБОТ: Се очекува одлука и реакција на Србија за насилството на Косово
Врховниот командант и претседател на Србија Александар Вучиќ пристигна во зградата на Генералштабот во Бањица.
Се очекува одлука за реакцијата на државата на насилството во Косово.
Генералот Милан Мојсиловиќ штотуку разговараше со командантот на КФОР, веднаш потоа претседателот Вучиќ влезе во Генералштабот.
Инаку во 21:30 беше најавена прес-конференција на српскиот претседател, но очигледно истата е откажана.
-Ќе се молиме за мир и ќе бараме мир, но, веднаш да ви кажам нема да има предавање и Србија ќе победи. Ако се осмелат да прогонуваат, малтретираат, убиваат Срби – Србија ќе победи. Тоа е се што имам да кажам. Барам да го сочуваат мирот, барам да го чуваат мирот, а ако не сакаат Србија ќе победи“, изјави Вучиќ пред неколку часа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…