Aпасиев: Поддршка за репресираните Срби на Косово и Метохија

t

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на својот Фејсбук ирази поддршка за репресираните Срби на Косово.

Вчера замалку не се случија поголеми инциденти на Северот на Косово каде живее претежно српско малцинство откако властите во Приштина донесоа спорна одлука за реципроцитет.

-Поддршка за репресираните Срби на Косово и Метохија, пишува Апасиев.

Владата на Косово синоќа донесе одлука да го одложи за еден месец спроведувањето на реципроцитетот кон Србија во однос на личните документи и на одлуката за замена на српските со косовски регистерски таблички.

Одлуката е донесена по синоќешната средба на косовските челници со амбасадорот на САД во Приштина, Џефри Ховениер, кој им го изнел барањето на Вашингтон за одлагање на спроведувањето на реципроцитетот за еден месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ангелов го упатил граѓанинот да пријави барање…

Стојанче Ангелов го упатил граѓанинот да пријави…

Уапсен 18-годишник, осомничен за лажна дојава за…

18-годишник од Тетовско е осомничен за лажна…

Руската разузнавачка служба тврди дека Брисел сака…

Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) објави…

Со пиштол и се заканувал на сопругата…

МВР информира дека доцна синоќа во 22:05…

Сара Ѓорѓиеска пуштена на домашно лекување

По тешките повреди што ги доби во…