(Видео) Вонредна вест: Кинеската армија објави снимка која на многумина ќе им ја смрзне крвта
Народноослободителната војска на Кина штотуку објави ново видео на WeChat пред потенцијалната посета на Пелоси на Тајван“.
Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси го објави својот план за патување во Азија во недела, кој ги вклучува Сингапур, Малезија, Јужна Кореја и Јапонија, без да се спомене Тајван.
Но по се изгледа Пелоси ќе пристигне во Тајпеј, главниот град на Тајван, утре вечер, објави тајванскиот радиодифузер ТВБС повикувајќи се на свои извори.
Кина во денеска соопшти дека нејзината војска „нема да седи со скрстени раце“ доколку претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го посети Тајван.
Последното предупредување беше издадено за време на редовниот брифинг на кинеското Министерство за надворешни работи. Портпаролот Жао Лиџијан, исто така, рече дека поради статусот на Пелоси како „функционер број 3 на американската влада“, посетата на Тајван, за кој Кина тврди дека е свој, „ќе доведе до екстремно политичко влијание“.
Пелоси требаше да ја започне турнејата низ четири азиски земји во понеделник во Сингапур, поради интензивните шпекулации дека може да го ризикува гневот на Пекинг со тоа што ќе го посети и самоуправниот Тајван.
За време на телефонскиот разговор минатиот четврток, кинескиот претседател Си Џинпинг го предупреди својот американски колега Џо Бајден дека Вашингтон треба да се придржува до принципот на една Кина и „оние кои си играат со оган ќе згоран“.
Бајден му рекол на Си дека политиката на САД за Тајван не е променета и дека Вашингтон силно се противи на едностраните напори за промена на статус кво или за поткопување на мирот и стабилноста преку Тајванскиот теснец. Претходно на социјалната мрежа Веибо, Кинеската народноослободителна армија им порача на своите војници „Подгответе се за војна“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…