Борел ги покани Вучиќ и Курти да ги продолжат разговорите во Брисел
Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти добиле покана од шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, да дојдат во Брисел и да го продолжат дијалогот за сите отворени прашања, потврдија извори во Брисел за Радио Слободна Европа.
Повикот дојде во време на зголемени тензии во Косово, кои настанаа откако Србите на северот на Косово ги блокираа патиштата кон граничните премини со Србија, Јариње и Брњак.
Блокадите беа воспоставени вчера, ден пред да стапат на сила одлуките на косовската Влада за издавање документи за влез-излез за српските државјани кои влегуваат во Косово и за промена на српските регистарски таблички.
По дипломатската интервенција на Вашингтон, Владата најави дека ќе го одложи спроведувањето на одлуките кога ќе се отстранат блокадите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…
Протест на Србите во Северна Митровица: За…
Србите од северот на Косово денеска се…
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…