Пендаровски и државно-црковната делегација пристигнаа во “Св. Прохор Пчински”

t

Државно-црковната делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски денеска пристигна во манастирот Св. Прохор Пчински, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.

Претседателот Пендаровски ќе положи венец со цвеќе на спомен-плочата на АСНОМ, поставена во манастирскиот комплекс. Токму на ова место е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.

Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот Св. Прохор Пчински се министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пратениците во Собранието на Република Македонија, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и Епископот Стобиски г. Јаков, претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и претставници од Сојузот на борците на НОБ.

Од српска страна, на чествувањето присуствуваат министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ и г. Пахомије, епископ врањски, како претставник на Српската Православна Црква.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…