(Фото) Тајван е опколен од сите страни: “Имаме карти во рака, ќе ги играме сите една по една!” – велат од Кина
Кина веќе неколку дена спроведува воени вежби околу Тајван и островот е целосно опколен од кинеската армија, потсетуваат кинески медиуми објавувајќи мапа од позициите на кинеските сили околу островот.

Тајмс Ху Ксијин на Твитер објави дека:
– „Пелоси слета во Тајван, отворајќи ера на висок интензитет на конкуренција меѓу Кина и САД околу Тајванскиот теснец.
Тајван е блиску до кинеското копно, а Пекинг има доволно карти при рака.
Ќе ги играме еден по еден самоуверено. Кинеската армија најавува низа акции“.
Посетата на делегацијата на американскиот Конгрес на Тајван „во никој случај не е во спротивност“ со долгогодишната политика на САД кон островот, рече Пелоси по пристигнувањето во Тајпеј.
Вашингтон продолжува да се спротивставува на какви било еднострани напори за промена на статус кво, додаде таа.
Кинеско Министерство за одбрана додава дека кинеските вооружени сили се во состојба на борбена готовност, како контрамерки ќе извршат низа воени активности, а борбената команда на кинеската војска вечат дека вечерва ќе започне серија воени операции во близина на Тајван!
Следете ги најновите информации за случувањата во Тајван на следниот ЛИНК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Висок функционер е осуден на смрт во…
Кинески суд го осуди на смрт поранешниот…
САД подготвуваат нови царини за најмалку 14…
САД се подготвуваат да објават нови царини…
ЕУ планира да вложи до 50 милијарди…
Европската Унија планира да вложи до 50…
Кинески владин службеник осуден на смрт поради…
Еден кинески владин службеник е осуден на…
Трамп, Путин и Си во заедничка изјава:…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател…