Детали еве што се случуваше на Мечкин Камен: Полицијата им ги зела транспарентите – Македонија е окупирана земја

t

Саше Јанчев од Левица на Фејсбук реагира за денешниот однос на полицијата кон македонскиот народ на Мечкин Камен.

“ИЛИНДЕН ВО ОКУПИРАНА МАКЕДОНИЈА

Прво дојде полиција и ни ги грабна транспарентите на кои пишува ‘ПРЕДАВНИЦИ ФАШИСТИ, КЛЕТИ ВРХОВИСТИ’ и ‘СТОП ЗА БУГАРИЗАЦИЈА’.

Прво дојде еден полицаец и кажа дека е тоа говор на омраза оти пишувало фашизам.

Дур зборувавме со овој дојде друг полицаец ги грабна транспарентите на другарите кои ги држеа во раце и почна да бега. Во ист момент се повлече и оној кој не убедуваше дека напишаното на транспарентите било говор на омраза, па му ги дадоа него транспарентите и некаде ги однесоа.

Цело време бевме опколени од полиција но кога најмногу требаше моравме да ги молиме.

Кога Таче држеше говор другарите свиреа со вувузели. Дојдоа партиски битанги од СДС, не опколија и почнаа да не буткаат. Полицијата дремеше.

Буквално викав по нив да интервенираат, а дремеа ко ќосеви. Имаше еден полицаец кој уште од коа се симнавме од коли цело време не пратеше.

Отидов кај него и му реков дека цел ден не дужи, не прати, а сега не интервенира. Го прашав зошто не реагираш и само молчеше и бледо ме гледаше.

Од коа стана голема галама и буткање се појавија други полицајци и застанаа помеѓу нас. Овие кои цело време стоеа до нас, кој не дужеа, со прст не мрднаа кога партиските битанги на СДС почнаа сила да продаваат.

А битангиве партиски и штапските пацови со знаменца на ЕУ беа во прв ред наредени и имаа команда да аплаудираат кога врват морониве од власта и да не пуштат некој во прв ред шо може да викне нешто шо не му се допаѓа на режимот.

До таму отидоа шо кога се скандираше никогаш Северна само Македонија почнаа да негодуваат и да укаат. Ама не додржаа. Не го дочекоа Ќурка да се симне од Мечкин Камен за да му дадат аплауз. Не им се стоеше. Си брзаа кон автобусите.

На крај Таче коа помина имаше повеќе полиција отколку народ. Само луѓе кои негодуваа на присуството на Таче и партиските битанги кои дојдоа да ги буткаат и тепаат луѓето.

За цело време беше исклучена мрежата и интернетот. Си замина предавниците од власта и одма се пушти мрежата.

Во окупација сме луѓе.

Во турско било попријатно на Мечкин Камен.

Северна е можна само како диктатура.” – напиша Јанчев на Фејсбук.

ЛИНК од објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ибраимоски и Глигорова од Крушево: Конкретни…

Носителот на пратеничката листа во ИЕ 5…

Сопругата на Апасиев: Ако те плукаат СДС,…

Ако те плукаат СДС, ДПМНЕ, Алијанса и…

Левица оддаде почит на загинатите во Вејце…

„Денес во село Вејце, тетовско, положи свежо…

(Видео) Полноќна бонбона математика со Амар Мециновиќ:…

Полноќна БОНБОНА математика со Амар Мециновиќ, носител…