(Фото) ОМО Илинден Пирин ги потопи Бугарите: Сами признале дека Илинденското е македонско востание, името го менуваат фалсификатори!
На бугарските фалсификатори кратки им се нозете, пишуваат од ОМО Илинден Пирин, македонското здружение во Бугарија од каде што објавуваат факти за лажирањето на историјата од страна на Бугарија.
Како Бугарија порано го признавала Илинденското востание како македонско и тоа стои во документи и весници, а денес тоа магично се претвори во некое си преображенско востание, прочитајте ос објавата на ОМО Илинден Пирин.
“НА БУГАРСКИТЕ ФАЛСИФИКАТОРИ КРАТКИ ИМ СЕ НОЗЕТЕ !
Уште една потврда дека името на востанието е ИЛИНДЕНСКО и дека не постои Илинденско-Преображенско востание, како што сакаат да го прикажат бугарските историчари – фалсификатори, кои му го смениле името во 60-тите години на 20 век, во времето на диктаторот Тодор Живков.
Бугарските историчари не знаеле како да го избришаат македонскиот идентитет на востанието, и решиле да му го сменат и фалсификуваат името, за да му дадат лажен бугарски карактер!
Фотографии од 1923 година – прослава на 20 годишнината од ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ
Двете фотографии се од 1923 година, во Софија, на кои околу 10 илјади Македонци – од кои голем број емигранти во Бугарија, организираат прослава на 20-годишнината од Илинденското востание.
Под фотографиите добро се чита:
„Дваесетгодишнината од Илинденското македонско востание се отпразнува в Софија најторжествено (најсвечено). После панихидата во централната црква „Света Недела“, манифестацијата од неколку десетици илјади Македонци се упати кон гробиштата, на чело со Илинденското знаме, знамињата на разните братства наредени по азбучен ред, портретите на починалите македонски дејци и многубројни венци.
На десно се одделните братства пристигнати на плоштадот пред црквата. На лево, почетокот на манифестацијата, која завива (врти) по улицата „Гробарска“ напред со Илинденското знаме и грамадниот плакат со картата на Македонија“.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Втори август е славен датум за нашата…
Република Бугарија останува решена да работи на…
Сиљановска од Пелинце го честита Илинден со…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати…
(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…
Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…
(Видео) Државата гори, Мицкоски сам слави Илинден,…
Премиерот Мицкоски и владината делегација меѓу кои…
Груевски: Славењето на хероите ќе создаде нови…
Честитка по повод Илинден објави поранешниот премиер…