Објавено на:

Војна има, само не со оружје: Кина воведе ембарго на над 100 тајвански компании

t

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, пристигна во Тајван, на што Кина реагираше дека ќе се преземат мерки за зачувување на суверенитетор, во кои спаѓаат и серија воени вежби околу Тајван.

Се верува дека нејзината посета ги поткопува врските меѓу Кина и САД, а азиската суперсила забрани испораки до повеќе од 100 тајвански извозници на храна пред настанот во обид да изврши економски притисок врз клучната индустрија на островот, пишува „Блумберг“.

Кинеската Генерална Царинска управа ја воведе забраната во понеделник, први август, според локалниот медиум United Daily News, кој вели дека ембаргото опфаќа различни стоки: морска храна, чај, мед.

Според извештајот на порталот Apple Day со седиште во Тајпеј, застарени податоци во документацијата за увоз се наведуваат како објаснување, а тајванската управа за храна и лекови се обидува да дознае повеќе за проблемот.

„Блумберг“ понатаму наведува дека оваа кинеска забрана е последна во низата мерки преземени од Пекинг насочени кон земјоделската индустрија на Тајван.

„Многу региони за производство на овошје на југот на овој остров се бастиони на политичка поддршка за Демократската напредна партија на претседателот Цаи Инг-вен, која се залага за формална независност на Тајван, додека Кина го смета Тајван за дел од својата територија“, се забележува во текстот.

Кина ги затекна властите во Тајпеј неподготвени кога неочекувано воведе забрана за увоз на ананас минатата година, по што следеше ембарго за увоз на јаболка и зашеќерени јаболка во септември. Иако значителна количина на овошје произведено во Тајван оди за домашна потрошувачка, огромното мнозинство од извозот оди во Кина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Техеран: Русија и Кина зборуваат, но не…

Додека Блискиот Исток повторно се доближува до…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

САД и Кина започнаа нова рунда трговски…

Кина и САД започнаа нова рунда трговски…