Објавено на:

Радев го поздрави Пендаровски: Преображенското востание зазема важно место во нашата општа историја!

t

Бугарскиот претседател Румен Радев го поздрави својот колега Стево Пендаровски по повод државниот празник на Македонија, 2 Август – Илинден, јавува „Трибуна“.

Претседателот Радев испрати денеска поздравно писмо и имаше телефонски разговор по повод националниот празник на Македонија, 2 Август – Илинден.

„Одбележувањето на Илинденско-преображенското востание во 1903 година зазема важно место во нашата општа историја и е само еден од примерите за богатото културно и историско наследство, што ги поврзува тесно нашите две држави и нивните граѓани“, навел Радев.

Тој посочил дека општата историја на Македонија и Бугарија треба да се претвори во реален фактор за зближување меѓу двете земји и државниците од двете страни треба да го дадат својот придонес за тоа.

„Зајавените амбиции за заедничка иднина во обединета Европа треба да водат кон реална изградба и продлабочување на добрососедските односи во интерес на граѓаните, нешто што тие го очекуваат“, подвлекува Радев, стои во соопштението на прес-службата на бугарскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…

Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…

Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…