Спасовски среќен што Илинден во Северна помина без инциденти
Денеска граѓаните на Македонија, чествувајќи го Илинден, покажаа како се празнува обединето, достоинствено, државнички. Во духот на аманетот на Илинденците, аманетот којшто го продолживме и го пренесуваме на идните поколенија, да ја градиме нашата држава, колоритна во традициите, обединета во различностите – држава на сите што живеат во Република Северна Македонија, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил.
– Заблагодарувајќи се на граѓаните, би сакал да упатам посебна благодарност на припадниците на македонската полиција кои се погрижија сите реализирани настани да поминат во најдобар ред. Тие уште еднаш покажаа дека се гарант на стабилноста и на безбедноста, дека се во служба на нашите граѓани. Заеднички продолжуваме напред, уште посилно, кон просперитетна и европска Република Северна Македонија, напиша Спасовски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трендафилов: Илинден е секој ден и секој…
,,Ние не само ве имаме како сфои…
Во Крушево почнува манифестацијата „10 Дена Крушевска…
Со кревањето на знамето на Крушевската Република…
БМЗ ја затвора фабриката во Илинден, се…
Германската компанија БМЗ (BMZ Group), која произведува…
Мицкоски од Илинден: Се гради низ целата…
Добро е што се гради. Со овој…
Делови од Илинден и од Карпош денеска…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска…