Младите Срби најмногу ги сакаат Македонците и Црногорците, Албанците не ги сакаат во својата средина
Младите во Србија имаат најпозитивен однос кон припадниците на црногорската и македонската националност, а најнегативен однос кон албанската, покажа овогодинешниот Алтернативен извештај за положбата и потребите на младите, објави „Krovna organizacija mladih Srbije“ (KOMS).
На скала од еден до четири, со резултат од еден што значи „секогаш имавме блиски и пријателски односи со нив“, два – „граѓанин како сите други“, три „не ми пречат, но јас не би се дружел се со нив“, четири „Не ми се допаѓаат“ – Црногорците добија вкупна оценка 1,68.
Македонците (1,75), Бошњаците (1,82), Унгарците (1,94) и Романците (1,95) беа вклучени во групата пријателски националности на територијата на Србија и во околината.
Оценката дека се „граѓани како и сите други“ младите ја дале за Хрватите со 2,04 и Бугарите со 2,09, а Албанците поминале најлошо.
Оценката од 2,52 вели дека не се во категоријата со која младите би се поврзале, а според ова истражување и народи кои младите „не ги сакаат“ во српската средина.
Комплетниот извештај „KOMS“ ќе го објави на 12 август за Денот на младите пишуваат српските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…