„Главниот“ во село Свирале забранил на новинарска екипа на Алсат да си ја врши својата работа – ЗНМ бара реакција

t

Вчера напладне новинарската екипа на телевизијата Алсат во состав Мелихате Рустеми (новинарка) и Бојан Костовски (снимател) биле спречени да ја вршат својата работа. Екипата пристигнала во селото горно Свиларе(општина Сарај) по претходно добиени информации дека жителите немаат вода за пиење. После неколку минути снимање, се појавило лице во цивилна облека кое агресивно викајќи им забранил да снимаат со насока да го напуштат селото за 5 минути и образложение дека тој е главен таму, причина заради која екипата на Алсат треба да ги спроведе неговите наредби, велејќи дека нивните информации за недостиг на вода не се точни, но без да остави можност да се провери. Притоа, барал од новинарката дозвола за снимање.

Новинарката Рустеми заедно со снимателот Костовски, после образложението дека за снимање на јавни површини не е потребна дозвола од надлежните институции и неколку минутен вербален кон фликт, после појавата на уште неколку лица, а со цел да избегнат поголем кон фликт биле принудени да го напуштат просторот, јавната површина и да најдат друго место за снимање.

Екипата на Алсат го снимила целиот вербален конф ликт, кој пак бил емитуван и во вчерашните вести на телевизијата.

ЗНМ посочува дека ваквиот третман кон новинарите придонесува кон нивна цензура. Токму затоа, бараме од надлежните институции да се преземат конкретни мерки против лицето, со цел во иднина да не се случува попречување на правото на работа на новинарите и правото на информирање на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепале, ја снимале и ѝ ги…

Две малолетнички од Скопје се приведени откако,…

Од 24 на само 4 степени во…

Голем температурен пад за само 24 часа…

Трамп за денешниот инцидент во европска земја:…

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд…

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Св. Архангел Михаил…

Архангел Михаил е водачот на небесните војски…

Трамп ја опиша атмосферата од средбата со…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…