Moжни ли се нови мерки? – Комисијата за заразни болести утре ќе ја разгледа актуелната состојба со Ковид-19
Комисијата за заразни болести утре ќе одржи состанок на којшто ќе биде разгледана актуелната епидемиолошка состојба со коронавирусот.
Согласно денешните податоци од Институтот за јавно здравје, направени се 1 890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи со КОВИД-19, од кои 188 се реинфекции. Пријавени се три починати лица од Скопје, во период од 5 до 30 јули, а оздравени се 815 пациенти.
Најголем број на активни случаи во моментов има во главниот град – 1 749, додека Пехчево и Дојран имаат по еден активен случај.
Некои од земјите во регионот веќе почнаа да воведуваат мерки за заштита од Ковид-19. Во Црна Гора, поради влошување на епидемиолошката состојба, воведено е задолжително носење заштитни маски, а здравствените власти апелираат до граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19.
Здравствените власти во Грција, пак, велат дека нивната намера е да не постојат мерки што би биле задолжителни и оти се ќе зависи од ситуацијата наесен, но тие сакаат Ковид-19, иако останува пандемија, да го третираат како ендемично заболување, „каде што нема да има потреба од строги или задолжителни мерки“. ки/бак/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мелбурн се извини откако го забрани старото…
Градскиот совет на Мелбурн ѝ се извини…
(Видео) Кравите шетаат и во училишниот двор…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, објави…
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: 35 години од донесувањето…
Македонија денеска одбележува 35 година од донесувањето…
Бугарија и Романија одбележуваат 20 години од…
Дваесетгодишнината од пристапувањето на Бугарија и Романија…
ОФИЦИЈАЛНО: КРИСТИЈАН КОРАБОСКИ ОД СИНОЌА Е ВО…
Кристијан Корабоски, кој викендов брутално претепа млада…