Едниот фатен со дрога, другиот како турира со „бмв-то“ – приведени двајца исселеници во Тетово

t

Рано утринава во Тетово се приведени двајца печалбари, кои дошле од Германија и Швајцарија, откако кај едниот од нив била најдена дрога, а другиот го нарушил јавниот ред и мир со автомобил.

Од СВР Тетово соопштија дека во 04:10 часот на улица „Илинденска“ во Тетово е приведен 21-годишник со живеалиште во Германија.

Полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Џ. (21) од Тетово, со живеалиште во Сојузна Република Германија, затоа што при преглед во возилото „Бе-Ем-Ве“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Тетово.

Подоцна на истата улица е приведен и 23-годишник од Тетово со времено живеалиште во Швајцарија, кој со возилото бил затекнат како создава бучава.

На А.М. (23) од Тетово, со привремено живеалиште во Швајцарија, му е одземено патничко возило „Бе-ЕМ-Ве“ со швајцарски национални ознаким затоа што со возилото го нарушил јавниот ред и мир, односно бил затекнат при зголемување на бучавата на возилото и нагло зголемување на брзината со чкрипење на пневматиците, информираат од СВР Тетово.

Според полицијата, возилото било задржано за вонреден технички преглед и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка бара итна реакција од институциите откако…

Скопјанка на социјалните мрежи сподели дека три…

Ужас: Ја силувал сопругата, па ја претапал…

Маж од Кичево е пријавен за силување…

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…

Вангелина Пармачка од Будинарци меѓу 100-те жени…

Вангелина Пармачка од беровското село Будинарци е…

Пукање од возило во Сарај: Едно лице…

На 18.10.2026 во 09:50 чaсот во СВР…