Со автоматска пушка и црна вреќа пари фатени крадци што ограбиле продажен салон во Ѓорче
Службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска ги лишија од слобода Ј.Л. (23) од село Крушопек и Ш.И. (31) од Скопје, кои се осомничени дека во 15.30 часот во продажен салон на подрачјето на Ѓорче Петров со закани со оружје кон вработените, одзеле пари и производи.
При обидот за бегство со патничко моторно возило „фолксваген кеди“ биле забележани од полициски службеник од Полициска станица Ѓорче Петров, кој во содејство со полициски службеници од Полициско одделение Сарај во близина на мостот „Сарај“ успеале да го запрат возилото, во кое биле пронајдени една црна вреќа со украдените пари, производи и автоматска пушка, додека двете лица се дале во бегство, информира МВР.
Малку подоцна, во близина на село Кондово осомничените биле пронајдени и приведени, а во непосредна близина биле пронајдени пиштол, пари, мобилни телефони и други предмети поврзани со кривичното дело.
Тие се сомничат дека извршиле уште две кривични дела разбојништво, кои во службен разговор ги признале. Увид ќе се врши и по документирање на случајот против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението на МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…